
вранец
Вино кое зближува
Името „Вранец“ во превод значи „црн пастув“, што ја отсликува темната боја на грозјето и моќниот карактер со сложени ароми. Во ова вино е скротена дивата природа на Вранец, која се карактеризира со богата рубин боја, сладок вкус, полно тело и долг финиш. Се одликува со огромен број ароми на зрели шумски плодови, сливи и зачини. Неговите карактеристики доаѓаат до израз со секаков вид месо и полномасно сирење, на собири со многу гости.
пакување
вранец
вранец 2l.

за сортата
Лозата е умерено снажна и со обилен род, отпорна на заболувања. Зрната се големи и со темна боја. Во Македонија се смета за најбитна сорта грозје и е застапена со речиси 70% од сите црвени сорти кои се одгледуваат. Зборот вранец значи црн пастув, име кое го опишува ова грозје. Младите Вранци имаат светловиолетова боја и мирис на црвени боровинки и овошен мармалад со многу јаки танини. По неколку години зреење, бојата преминува во темноцрвена рубин/црна боја и се развива комплексна арома која потсетува на чоколадо, црно овошје и цимет, при што вината ја губат својата острина, развивајќи долг и свилен послевкус.